Бразил губеше, но потоа „стави“ во петта брзина па ја совлада Чешка (ВИДЕО)

Бразил беше соочен со негатива на гостувањето кај Чешка, но „кариоките“ со фуриозна завршница успеаја да го свртат натпреварот, па со конечни 3-1 да забележат победа на пријателскиот натпревар.

Фудбалерите на Чешка фантастично го започнаа натпреварот, па по половина час игра, преку Давид Павелка го отворија резултатoт за голема радост на домашната публика. Бразил успеа да израмни на 1-1 во второто полувреме преку Роберто Фирмино.

По погодокот на фудбалерот на Ливерпул, избраниците на Тите фуриозно го нападнаа противникот, а головите дојдоа во самата завршница. Херој на „кариоките“ беше Габриел Жесус, кој најпрвин погоди за 2-1, а потоа во 90 минута ги постави конечните 3-1.