Бразил го загуби Нејмар?

Нејмар да Силва, најдобриот фудбалер на Бразил, го напушти тренингот на кариоките, јавуваат светските медиуми.

Еден од најдобрите фудбалери на светот прими дури десет удари на мечот со Швајцарија и поради тоа не тренираше во понеделникот.

Меѓутоа, денеска, Нејмар го напушти тренингот кривејќи и сега нејасно е дали ќе биде подготвен за Костарика.

Да потсетиме, Нејмар во февруари годинава доживеа фрактура на метатарзалната коска и поради која беше вон терените до крајот на сезоната.