„Бомба“ во најава: Марадона го враќа Роналдињо од пензија!

Како гром од ведро небо пристигнува информација од Јужна Америка дека легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо (40), ќе се врати на зелениот терен.

Некогаш најдобриот фудбалер на светот замина во пензија во 2015 година, а последен негов тим беше бразилски Флуминенсе. Оттогаш, неговото име во неколку наврати се поврзуваше со одредени клубови, а сега повторно се актуелни гласините за неговото враќање од пензија.

Како што пишува „Ел Диа“, Роналдињо би можел да заигра во Аргентина, поточно во Гимнасија Ла Плата, и тоа поради Диего Марадона, кој е тренер во овој клуб.

Роналдињо беше желба на аргентинскиот клуб и во 2016 година, тие му понудија милион и пол евра по сезона, но на крајот не беше постигнат договор.

Бразилецот моментално е во куќен притвор во хотел во Парагвај, откако беше утврдено дека влегол во оваа земја со фалсификуван пасош.