Бока јунирос остана без тренер по неуспехот во Копа Либертадорес

Тренерот Гилјермо Барос Шелото по поразот во финалето на Копа Либертадорес од Ривер плејт реши да ја напушти Бока јуниорс.

Овој 45-годишен тренер со тимот од „Ла Бомбоњера“ во 2016 година успеа да се врати на врвот на аргентинскиот фудбал, меѓутоа неодамнешниот пораз од Ривер го разочара и натера да се повлече.

„Мораме годината да ја почнеме со нов тренер“, кажа претседателот на Бока, Даниеле Ангеличи.

Бока јуниорс под водство на Шелото, кој претходно во тренерската кариера ги предводеше Палермо и Ланус, освои две титули по ред во Аргентина.