Блатер во тешка состојба итно бил пренесен во болница!

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер бил итно пренесен во болница, откако му била загрозена здравствената состојба.

„Гардијан“ пишува дека состојбата на Блатер во моментов е стабилна, за разлика од моментот кога бил примен во болницата.

„Мојот татко е во болница. Тој ќе биде подобар, но ќе му треба време и одмор. Во име на нашето семејство, ве молам за приватност“, порача ќерката на Блатер.

Ова не е првпат Блатер да заврши во болница, зашто нешто слично му се случи во ноември 2015 година и јули 2016 година.

Минатиот месец ФИФА почна истрага против поранешниот претседател поради вмешаност во малверзации и перење пари, а Блатер ги отфрли обвинувањата.