Блатер се согласи на сослушување за СП во Катар, но само под еден услов

Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер кажа дека останува на располагање на францускиот Суд во истрагата за доделување на Светсткото првенство (СП) во 2022 година на Катар, но само ако сослушувањето се одржи во Швајцарија.

Блатер, кој е суспендиран поради контроверзна исплата на пари на Мишел Платини, денеска испратил писмо преку адвокатот до француската полиција.

Бившиот претседател на ФИФА на агенцијата „Франс прес“ на 11 декември минатата година кажал дека ќе сведочи во Франција, ако државната канцеларија на финансискиот тужител од него тоа го побара официјално. Тој тогаш кажал дека во 2017 година на барање на таа канцеларија е веќе сослушан.

Истрагата за условите за доделување на домаќинството на СП 2022 година се одвивала три години под покритие на финансискиот тужител, а минатиот декември била доверена на истражниот судија во Парис.

Надлежните сакаат да откријат под кои услови ФИФА на втори декември 2010година му ја доделила организацијата на Мундијалот во 2022 година на Катар.