Бизарна повреда: Италија остана без голман поради - шише вода!?

На отворањето на квалификациите за Евро 2020, репрезентацијата на Италија има најмногу проблеми со повреди.

Тоа почна со враќањето на Флоренци во Рим, каде што наскоро ќе му се приклучи Стефан Ел Шарави кој не можеше да настапи во победата против Финците.

Селекторот Роберто Манчини исто така на претстојниот меч против Лихтенштајн нема да може да смета на голманот Матија Перин поради бизарна повреда.

Голманот на Јувентус на тренингот на Италијанците се повредил, откако згазнал незгодно на шише вода и така го изместил зглобот.