„Бев присилен да убивам луѓе, а фудбалот ме спаси од депресија“

Брус Гробелар е еден од најголемите легенди на англискиот великан Ливерпул. Човек кој 13 години стоеше меѓу диреците на голот на „црвените“, кој освои шест титули, еднаш беше европски првак и херој од Рим во 1984 година, човек кој со свои очи беше сведок на катастрофи – војни во Јужна Африка, трагедии како „Хејсел“ и „Хилсборо“...

Гробелар во шокантна исповед објави дека како тинејџер убивал луѓе, зошто бил регрутиран во родната Јужна Африка, потенцирајќи дека по тие шокови, само фудбалот успеал да го спаси од – депресија. Гробелар е роден во Јужна Африка, ама драмата почнала во 1978 година, кога со 21 година бил регрутиран да служи војска во Родезија, меѓународно непризната африканска земја на чие чело била расистичка влада. И требало да носи униформа 11 месеци, ама војниот рок станал двојно поголем затоа што учествувал во војна во која црномурестите бунтовници се бореле да ја урнат расистичката власт.

„Бас бев во извидувачки вод, кој одеше длабоко во непријателската територија. И за време на војната видов сè и сешто, а тројца пријатели ми загинаа пред мои очи. А, плус бев присилен да убивам луѓе. Зошто нема како да се одбраниш понаку. Страшните спомени, толку многу ме прогонуваа, што дури и денеска се будам среде ноќ со кошмари, облиен со ладна пот. Тие мачни сеќавања не ме напуштаат“, вели Гробелар за „Би-Би-Си“.

Додава дека откако дошол во Ливерпул, фудбалот буквално го спасил.

„Фудбалот му го спаси животот, за да не потонам до крај во депресија. Смртта и фрустрациите ми ја одбележаа младоста. Потоа како голман сешто преживеав. Ме ѓаѓаа со кујнски ножеви, со стрели за пикадо, па со билјардски топки, наострени монети, компири во кои се забодени жилети...“, се присеќа Гробелар.

Ама, во шокантната исповед, не изостана анегдотата како се избламирал додека бранел за Кру, пред да дојде во Ливерпул. На трибините дошле Боб Пајсли, легендарниот менаџер на Ливерпул и Том Саундерс, ама Гробелар направи циркус.

„Се враќам јас од загревање и мојот менаџер во тој момент неверувајќи што правам ми мавта со галавата. Јас го прашувам, што се случи? А, тој ми покажува дека двајца од Ливерпул дошле да ме гледаат и тоа се многу важни луѓе. Ама, среде моето загревање си заминале на друг меч. Веројатно беше затоа што јас наоколу си џогирав со чадор, зошто врнеше. Па, не сакав да бидам жива вода, а не почнал мечот“, се присеќа Гробелар.

И да не остане само на животната драма како војник, нова драма фудбалска преживеа по 1994 година. Тогаш бил обвинет дека наместил меч.

„Цели 12 години ми требаше за да го тргнам срамот од моето име, за да докажам дека не сум виновен за местенката“, посочи Гробелар.