Бензема за споредбата со Жиру: Јас сум Формула 1 за него, а тој е картинг!

Оливие Жиру со Франција пред две години стана светски шампион, но за Карим Бензема нема дилема кој е подобар фудбалер од нив двајца.

Напаѓачот на Реал Мадрид не игра за Франција долго време затоа што беше исфрлен по скандалот со уцените кон неговиот соиграч Матје Валбуена.

„Немој да споредувата Формула 1 со картинг. И уште сум пристоен... Знам дека јас сум Ф1 за него, а тој е картинг“, кажа Бензема за споредбата со напаѓачот на Челси.

Жиру за Франција одигра 91 меч и постигна 39 голови, додека Бензема има 18 настапи помалку и 12 голови помалку.