Белгија го има најлошиот учинок на едно СП после 1930 година!

Белгија со страшната генерација со која беше трета на СП во Русија пред четири години, дојде во Катар како селекција која со актуелниот играчки погон има последна шанса за трофеј и како еден од фаворитите покрај Франција, Шпанија, Бразил, Аргентина..., ама „црвените ѓаволи“ се – прво разочарување на турнирот.

Иако со една победа и еден пораз сѐ уште се во игра за осминафинале, Мароко денеска, а Канада пред три дена покажа дека избледе страшниот напад и магичната белгиска игра, а најдобар доказ за тоа е податокот дека после две кола никогаш понеефикасна не била Белгија уште од првото Светско првенство во Монтевидео (Уругвај) во 1930 година.

Белгија во Монтевидео не даде гол како свој најлош настап, а сега има само еден после 180 минути на Мундијалот во Катар, а пред себе имаат и дерби во последното коло со Хрватска. Како за потсетување имаат тим со Де Брајне, Мертенс, Лукаку, Батшуаи во тимот, ѕвезди кои вредат милиони, но...