Бејл веќе бил член на кинески Џингсу, а Реал Мадрид преку ноќ се премислил

За време на летниот преоден рок, велшката ѕвезда Герет Бејл веќе беше нов член на Џингсу Сунинг, па трансферот беше 90 отсто реализиран, но преку ноќ целата операција пропадна, а брзоногото крило остана на „Сантјаго Бернабеу“.

Што се случи преку ноќ, за трансферот практично да не се реализира, открива Козмин Олариу, кој и самиот се чуди како сигурниот трансфер сепак не се реализираше, а буквално сè било договорено.

„Поблизу никогаш и не бил трансфер на Бејл од Реал Мадрид. Џингсу се договори со неговиот менаџер, адвокатот беше во Кина. Сите детали со Реал Мадрид беа договорени еден месец претходно. И потоа се случи – невиден пресврт. Реал загуби неколку контролни мечеви, па се испишмани. Прво беше договорено дека Џингсу ќе му плаќа плата која што Бејл со менаџерот ја договориле, а потоа одеднаш 'удри гром од ведро небо' – побараа да се плати трансферот“, вели Олариу.

Додава дека одеднаш кинескиот тим требало да даде купишта пари, по што решиле да ја откажат операцјата.

„Трансферот на Бејл во Кина беше 90 отсто готов. Таа вечер беше сè договорено и утредента сè промени. За пропаѓањето на трансферот е заслужен Реал Мадрид. Џингсу немаше намера да плати толку пари, отштета и плата веќе го надминуваа буџетот, па затоа кинескиот тим се сврте да бара други решенија“, додава тој.