Беа чудо во Европа пред една година, а сега ги тресе – страшен скандал

Се сеќавате на шведски Остерсунд? Малата екипа која беше сензација над сензациите во фудбалска Европа, со пласманот во Лига Европа, но и настап во елиминациската рунда и поразот од Арсенал со вкупни 2-4.

Швеѓаните беа сензација, зашто од аматерски клуб, станаа хит, а приказната за Остерсунд беше уште поспектакуларна, зашто фудбалерите подготвуваа претстави, играа балет, имаа стенд-ап комедии. Остерсунд беше клуб кој постави поинакви општествено одговорни стандарди.

Но, убавата слика после само една година тотално се распадна. Сега клубот го тресе сериозен скандал, поради бившиот претседател Даниел Киндберг, кој сега е на суд за финансиски малверзации.

Киндберг се сомничи дека заедно со уште две лица и три компании ја оштетиле државата и даничните обврзници и парите ги слеале во клубот. Се соочува со шест години затвор, ама тоа што е најтрагично ќе настрада и Остерсунд. Шведскиот клбу сега се соочува со административна елиминација во понизок ранг.

Скандалот го открила локалната новинарка на „Остерсунд Пост“, Линда Хаденљунг, а случајот весникот го просласил за „најголем случај во последниот век“. Остерсунд е град во централна Шведска со 50.000 жители.