Бајките кратко траат: Момчето кое го запозна Меси сега бега од Талибанците да не го убијат!

Се сеќавате на малиот Авганистанец, Мурутаза Ахмед, чија слика беше вирален хит во светот, откако објави фотографија како од кеса направил дрес на Меси со бројот 10. ПО тој потег, Меси го повика во Абу Даби на ревијален меч, каде со него излезе на терен и потоа му подари оригинална десетка и со автограм.

Младиот Авганистанец ја живееше својата бајка, но таа кратко траеше. Поради Меси сега е во животна опасност и тоа од терористите. Талибанците во Авганистан му се закануваат дека ќе го распарчат на делови, само затоа што го запознал и еден ден се дружел со својот фудбалски идол.

Ахмед со семејството се врати во родниот крај, но талибанците го бараат под дрво и под камен, милејќи дека Меси му праќа пари, а тие си бараат свој дел од колачот. Но, брзо потоа, семејството избегало во Пакистан, ама поради недостаток на пари, морале да се вратат во родниот Јагори. Таму неговиот татко работи како фармер.

Сепак, тие повторно морале да го напуштат Јагори и сега живеат во една мала соба во Кабул, криејќи се од Талибанците, кои го нападнале родното место, а меѓу другото го барале малиот Мурутаза со закани дека ќе го исечат на парчиња. Талибанците не сакаат фудбал, уште помалку светски ѕвезди, па таа нетолеранција кон фудбалот и идолите, му направи големи проблеми на малото Авганистанче.

Сега, Амхед повторно е без дрес и без топка. Во бегството, ги оставиле највредните порадоци на детето. Прво се криеле во една џамија во Бамијан, а потоа некако стигнале до Кабул. Но, и таму не се сигурни. Мајката на Мурутаза го крие својот син и не го пушта да си игра со другите деца, од срав некој да не го киднапира и да не го препознае..

А малото дете, вели ми недостига дресот и топката.

„Се надевам дека во брзо време пак ќе го видам Меси“, вели тој.

Инаку Меси беше цел на исламските терористи посебно на ИСИС, кои објавуваа фотографии со закани дека ќе му ја отсечат главата пред СП во Русија, кога се закануваа и со терористички напади.