Азар против Кипар прослави голем јубилеј

Белгискиот репрезентативец Еден Азар синоќа против Кипар прослави голем јубилеј, откако неговиот тим славеше во меѓусебната пресметка со 2-0 во квалификациите за Евро 2020.

Азар го запиша својот 100. меч за националниот тим, а пред него тоа им успеало само на Јан Вертонген, кој одиграл 112 натпревари и Аксел Витсел, кој има 101 настап.

Ѕвездата на Челси дебитираше за репрезентацијата во ноември 2008 година, а досега постигна 30 голови.