Австралија и Нов Зеланд ќе бидат домаќини на СП 2023 за фудбалерки

Советот на ФИФА денеска гласаше за домаќинот на идното Светското првенство во 2023 година за фудбалерки, а организацијата ја добија Австралија и Нов Зеланд.

Гласањето беше направено преку видео-конференција како заштита од коронавирусот, а Австралија и Нов Зеланд добија 22 гласа, додека нивниот противкандидат Колумбија добии само 13 гласа.

Идниот женски Мундијал ќе биде прв во историјата на кој ќе настапат 32 репрезентации. Актуелен светски шампион е селекцијата на САД, која лани во Франција го освои трофејот.