Авганистански фудбалерки избегале во Пакистан поради Талибанците!

Фудбалерките на авганистанската репрезентација и нивните семејства избегаа во Пакистан откако Талибанците ја преземаа власта пред еден месец, а веднаш им забранија на жените да се занимаваат со спорт.

Пакистанскиот министер за информации, Фавад Чодри објави дека авганистанските фудбалерки влегле по легален пат во нивната држава и ќе им биде помогнато.

Медиумите објавија уште минатата среда дека авганистанските фудбалерки добиле хуманитарни визи откако Талибанците го преземаа Кабул.

Талибанците не сакаа да го коментираат овој случај и остануваат на својот став дека жените не треба да се занимаваат со спорт во Авганистан.