Аргентинците открија како тренерот на Бока го мотивираше Тевез

Поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Карлос Тевез, беше мотивиран кога влезе во игра пред крајот на натпреварот против Ривер плејт во првото финале од Копа Либертадорес.

Повратникот во редовите на Бока одигра 15 минути против големиот ривал, но не успеа да ги оправда очекувањата на тренерот на клубот.

Аргентинските медиуми открија како стратегот на Бока го мотивирале Тевез пред да влезе во игра.

„Поради вакви работи се врати тука. Влези на теренот и донеси ни ја победата“, му кажал тренерот.

Тевез не им ја донесе победата, а шанса за да го поправи впечатокот ќе има за неколку дена во реваншот.