Аргентина остана во живот, Колумбија во четвртфиналето (ВИДЕО)

Колумбија се плсаираше во нокаут-фазата на Копа Америка, откако синоќа ја запиша втората победа во рамки на групата Б против Катар.

Дуван Запата погоди во 87-та минута за да и донесе победа на својата репрезентација за да го чекира патот во четвртфиналето.

Аргентина по поразот од Колумбија во Првото коло, утринава одигра само 1-1 со Парагвај, но остана во игра за пласман во следната фаза. Ричард Санчез ги доведе Парагвајците во водство во 37.минута. Лионел Меси од пенал донесе израмнување во 57.минута, а пет минути подоцна шанса за гол од 11 метри имаше и Парагвај, но голманот Армани успеа да одбрани.

Во последното коло Аргентина мора да победи против Катар, но во исто време и Парагвај не смее да триумфира против Колумбија, за „гаучосите“ да се пласираат во следната фаза.