Аргентина го доби дербито на Копа Америка против Уругвај (ВИДЕО)

Аргентина со минимални 1-0 го совлада Уругвај во дербито на 2.коло во рамки на групата А на Копа Америка. 

Херој на Аргентинците беше Гвидо Родригез, кој го постигна единствениот гол во 13.минута по асистенција на Лионел Меси. За „гаучосите“ ова беше прва победа откако во премиерниот натпревар ремизираа 1-1 против Чиле. 

Чиле исто така запиша минимална победа од 1-0 против Боливија. Стрелец на победничкиот погодок за Чилеанците беше Бен Бреретон во 10.минута од натпреварот.