Англија со „петарда“ против Чешка, Франција ја прегази Молдавија (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни и останатите натпревари од првото коло во квалификациите за Евро 2020, а убедливи победи запишаа Англија против Чешка од 5-0, како и Франција против Молдавија од 4-1.

Англија тргна жестоко против Чешка, па во 24. минута Рахим Стерлинг погоди за 1-0, а до крајот на првото полувреме во листата со стрелци се запиша и Хари Кејн за 2-0.

Стрелинг во второто полувреме стигна и до хет-трик, откако во 62. и 68. минута погоди за водство од 4-0, а конечните 5-0 ги постави Томаш Калас со автогол.

Франција беше сигурна на гостувањето кај Молдавија, откако во првото полувреме поведе со 3-0, па всушност го реши натпреварот, откако во листата со стрелци се запишаа Антоан Гризман, Рафаел Варан и Оливие Жиру.

Во завршницата од второто полувреме Килијан Мбапе погоди за 4-0, а Владимир Амброс ги постави конечните 4-1 за Франција.

Исто така вреди да споменеме дека најдобриот македонски судија Александар Ставрев и неговите помошници одлично си ја завршија работата во мечот меѓу Молдавија и Франција.

РЕЗУЛТАТИ:

Група Б

Луксембург – Литавија 2-1
Португалија – Украина 0-0

Група Х

Молдавија – Франција 1-4
Албанија – Турција 0-2
Андора – Исланд 0-2