Англија ѝ пукна „петарда“ на Панама за 45 минути! (ВИДЕО)
Џон Стоунс го отвори резултатот во осмата минута, а Хари Кејн зголеми на 2-0 од пенал. Панам продолжи со лошата игра и понатаму, а Џеси Лингард со прекрасен удар зголеми на 3-0.
Четири минути подоцна Стоунс повторно со удар со глава погоди за 4-0, а Кејн со својот втор гол на натпреварот зголеми на 5-0 пред крајот на првите 45 минути.