Англичаните му се налутија на ВАР: Судијата не досудил чист пенал!? (ВИДЕО)

Англија успеа вчера во Волгоград, потешко од очекуваното, да го победи Тунис со 2-1 во првото коло од групната фаза на Светското првенство во Русија.

Фудбалската јавност во Англија вчера крена голема „прашина“ поради одлуките на судијата на натпреварот. Тие велат дека ниту ВАР-системот не помага, кога станува збор за нив, па овојпат биле жестоко оштетени.

На средината на првото полувреме Англичаните бараа пенал врз Хари Кејн, но судијата не сакаше да слушне за такво нешто.

Стручниот штаб се надеваше дека на крајот судијата барем ќе се консултира со помошниците од собата за ВАР, но такво нешто не се случи.