Андрес Иниеста не размислува на пензија - потпиша нов договор со Висел Кобе

Андрес Иниеста ужива во животот во Јапонија и планира да ја заврши кариерата во оваа земја. Тој денеска потпиша нов двегодишен договор со Висел Кобе. 

Шпанецот, кој денеска наполни 37 години, како роденденски подарок доби договор до 2023 година. Легендата на Барселона по 16 години го напушти „Камп Ноу“ и во мај 2018 година го потпиша првиот договор со јапонскиот клуб.

На 64 натпревари досега постигна 13 голови, а со своите игри ги воодушевува Јапонците.