Андоновски: Знам дека не играме за злато, ама и бронзата е медал и треба да ја освоиме!

Македонецот Влатко Андоновски, поранешен фудбалер на Вардар, кој сега е селектор на женската фудбалска репрезентација на САД постави цел да се освои бронзата на овие Летни Олимписки Игри во Токио, зашто медал од ЛОИ се медал без оглед каков.

Американките утре играат со Австралија во мечот за бронза од 10 часот по македонско време, а овие две селекции веќе еднаш се сретнаа во групната фаза и мечот заврши без победник.

САД не ја исполни целта како прв фаворит да стигне до златото после елиминацијата во полуфиналето од Канада со поразот со 0-1, втор за Андоновски по воведниот убедлив од вториот финалист Шведска со 0-3, а интересно тој со САД во Токио дојде без пораз со 22 победи и едно реми.

„Мора да ни биде во глава дека треба да освоиме нешто, а нѐ чека битка за медал. Знам дека не е злато, ама сепак е медал и макар е бронзен наше е да го освоиме. Мора да дадеме сѐ од себе за да победиме на овој меч и дома да се вратиме со медал од овие ЛОИ“, вели Андоновски.

САД е четирикратен олимписки првак откако женскиот фудбал стана олимписки спорт во Атланта во 1996 година, а само во Рио де Жанеиро пред пет години немаат освоен медал од ЛОИ, па сега андоновски не сака втори Игри по ред, женската селекција да се врати без ништо освоено.

Само Норвешка во Сиднеј во 2000 и Германија во Рио во 2016 година уште освоија злато во женски фудбал на ЛОИ, а во сабота Шведска или Канада ќе биде новиот олимписки првак, селекции кои го освоија среброто односно бронзата на последните Игри.