Андоновски ги одведе Американките до бронза во Токио

Женската американска фудбалска репрезентација го освои третото место на Олимпискиот турнир во Токио откако денеска во утешното финале фаворитот ја совлада Австралија со 4-3.

Македонецот Влатко Андоновски кој ја предводи селекцијата на САД сакаше медалот да биде златен, но Американките шокантно загубија од Канада во полуфиналето со 1-0. Денеска искусните фудбалерки Меган Рапино и Карли Лојд со по два гола ја донесоа победата. 

Саманта Кер, Кејтлин Фурд и Емили Гиелник погодија за Австралија, која завршува како четврта на турнирот.

Во големото финале утре ќе се сретнат Канада и Шведска.