Алваро Негредо го постигна најбрзиот гол во 2020 година (ВИДЕО)

Вчера се одигра финалниот натпревар во Купот на Обединетите Арапски Емирати, во кој славеше екипата на Ал-Наср над Ал Ахли Дубаи со 2-1.

Пред нешто повеќе од една година, Алваро Негредо потпиша за катарскиот Ал-Наср, каде не заборави да го прави она што најдобро го знае, а тоа е да постигнува голови.

Но, мечот го одбележа голот кој беше постигнат веднаш на стартот од натпреварот. Уште гледачите не ги заземаа своите места на трибините, а веќе беше затресена мрежата и тоа од - Алваро Негредо, кој погоди за само пет секунди. Брзината и умешноста на Шпанецот ги изненади сите, дури и камерманот на овој пренос, кој не го испрати погодокот како што се очекуваше.

Иако сме на почетокот од 2020, овој гол сигурно ќе влезе меѓу најбрзите погодоци во годината.