Агуеро се онесвести на полувреме, соиграчите беа во шок и примија четири гола!

Фудбалерите на Аргентина никако не успеваат да ги воодушеват своите фанови. По едвај изборениот пласман на Мундијалот, вечерва загугија од Нигерија со 2-4, иако водеа со 2-0.

Меѓутоа, можеби токму поради она што се случи во текот на одморот беше клучен фактор за лошата игра и потопот кој им се случи во вториот дел.

Имено, аргентинските медиуми пишуваат дека напаѓачот Серхио Агуеро се онесвестил недолго по влегувањето во соблекувалната на паузата помеѓу двете полувремиња. Брзо реагирале лекарите, му помогнале да се врати, но итно бил пренесен во болница.

Сето тоа, очигледно влијаеше врз неговите соиграчи, кои во вториот дел очиглендо повеќе мислеа на него отколку на натпреварот, па по водството од 2-0, загубија со 2-4.

Агуеро беше стрелец на вториот гол за Гаучосите, но по еден час бил пуштен од болница и им се приклучил на соиграчите.