Агентот на Сала „распука“ по Кардиф: Мене ме обвинуваат, а не сакаат да ја кажат вистината!

Вили Мекеј, агентот на трагично настраданиот Емилијано Сала го обвини раководството на Кардиф дека се обидува за авионската несреќа да го обвини него, зашто бил „лесна мета“ и не можел да се одбрани од нивните напади.

Англиските медиуми пишуваат дека Кардиф е подготвен да го обвини Нант за негрижа, зашто во текот на истрагата се дознало дека пилотот Дејвид Иботсон немал дозвола.

Кардиф подготвил тужба и против агентот, а исто така најавиле дека ќе побараат помош од Фудбалскиот сојуз на Англија, УЕФА, ФИФА, па и полицијата да ги истражат деталите на трансферот.

Роднината на Сала, Мартин Гати минатиот викенд кажа дека Аргентинецот бил убиен, а неговата поранешна девојка Бернис Шкир повторно побара да биде истражена фудбалската мафија.

На крајот реши да се огласи и Мекеј, кој го организираше летот и кажа дека совеста му е чиста, но не може да поднесе ваков третман кон него.

„Го видов Емилијано колку и луѓето во Кардиф. Го организирав летот, се обидов да му помогнам. Тие никогаш не го направија тоа. Тие само му резервираа соба, а мене ме наместија“, вели агентот.

Мекеј објасни дека има договор со Нант, според кој францускиот клуб треба да ги добие сите пари.

„Единствен лет за кој се зборува дека не завршил добро, зарем не? Кардиф знаеше за секој лет. Кога мислат да излезат и да ја кажат вистината?“, праша Мекеј.