Африканските квалификации за СП во Катар одложени за во септември

Африканските мундијалски квалификации за пласман на Светското првенство во Катар одната година нема да продолжат да се играат летово и тие се одложени за во септември и на пролет идната година, поради актуелната пандемија со коронавирус, објави ФИФА заедно со африканската конферерација (КАФ).

Африка е ризично подрачје поради јужноафриканскиот сој на мутација на на вирусот, па уште во март, најголем дел од клубовите одбиваа да ги пуштат своите играчи во африканските селекции, поради рестрикциите со 14-дневен задолжителен карантин после враќањето во европските земји, но ситуацијата со коронавирусот не се смирува, па откажувањето на мечевите беше единствено решение.

„ФИФА заедно со африканската конфередација се реши да ги одложи јунските мечеви во мундијалските квалификации поради моменталната состојба со коронавирусот, со цел да се осигураат максимални и оптимални услови за нивно одигрување“, објавија двете организации.

Сега мечевите се презакажуваат за септември, октомври, ноември годинава, како и за март догодина кога треба да се доиграат и да биде познато кои селекции од „црниот континент“ ќе играат на Мундијалот.

Габонската ѕвезда Пјер Емерик Обемејанг од Арсенал, после настапите за својата селекција во март, не закачи коронавурус, но во Лондон се врати со маларија по што мораше да биде хоспитализиран во болница.