Адебајор го напушти клубот по само два натпревари

Репрезентативецот на Того, Емануел Адебајор (36), по само два натпревари го напушти параагвајскиот клуб Олимпија.

Искусниот фудбалер потпиша договор со овој тим во февруари годинава. Тој беше пречекан како крал, но го напушти клубот по само два натпревари.

Адебајор си замина од клубот без постигнат и со еден црвен картон.

Со тоа, од денес, Адебајор е повторно слободен играч, но голема му е желбата да ја продолжи кариерата и покрај неговите доцни играчки години.

Триесет и шестгодишниот напаѓач зад себе има навистина богата кариера, во која играше за екипи како Арсенал, Манчестер сити, Тотнем, Реал Мадрид...