Зинченко направи шоу: Згодната новинарка повторно во центарот на вниманието (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Украина синоќа обезбеди пласман на Европското првенство наредната година, откако со 2-1 ја совлада селекцијата на Португалија пред своите навивачи.

Украинците, под водство на легендарниот Андриј Шевченко, играа фантастично во овие квалификации и заслужено го обезбедија првото место во групата.

После синоќешниот натпревар, следуваше голема прослава на стадионот, а фудбалерите на Украина истото го пренесоа и во соблекувалната. Можеби најинтересно беше на прес - конференцијата каде што фудбалерите даваа изјави за медиумите.

Левиот бек на Манчестер Сити, Александр Зинченко, ги имаше шоуто на вечерта и тоа пред камерите. Тој имаше свои моменти во друштво на сексапилната новинарка Влада Седан, која ја бакна во лице.