Заврши фудбалскиот „пост“ во Унгарија: Николов се врати на тренинг

Фудбалското првенство во Унгарија ќе продолжи наскоро, а клубовите од понеделникот добија дозвола да тренираат по паузата поради пандемијата од коронавирусот.

Ова се одлични вести за македонскиот репрезентативец Бобан Николов, кој се врати на своите редовни обврски во Мол Види.

Унгарскиот шампионат ќе продолжи кон крајот на мај, а од федерацијата објавија дека ќе ги прифатат предлозите на ФИФА и воведуваат пет измени на натпревар. По 25 одиграни кола Мол Види на Николов е на втората позиција на табелата со 50 бодови или три помалку во однос на лидерот Ференцварош.