Ристовски вчера играше против Ерменија, а денеска објави дека има коронавирус!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски само еден ден после настапот за фудбалската репрезентација вчера против Ерменија во поразот со 0-1 во последното коло од Лигата на нации, е позитивен на коронавирус, објави самиот фудбалер на социјалните мрежи.

Ристовски беше стартер против Ерменија и беше заменет во завршницата од мечот кој го загубивме, а според протоколите на УЕФА, тој беше тестиран пред мечот и нормално само со негативен тест можеше да настапи, но неполни 24 часа потоа, сега го има ковид-19 во себе.

„Ковид-19 позитивно семејство. Ќе продолжиме да се бориме и ќе излеземе посилни“, објави Ристовски.

Десниот бек е петти македонски репрезентативец кој го закачи вирусот, откако пред него Столе Димитриевски, Елиф Елмас, Кире Ристевски и четвритот голман Даниел Божиновски имаа вакви позитивни тестови.