Важни информации за сите во Кардиф: Лица во алкохолизирана состојба нема да можат да влезат на стадионот!

Maкедонската фудбалска репреезентација на 18 ноемви гостува во Кардиф кај Велс, натрпевар кој ќе биде последен во квалификациите за Светското првенство.

Македонија ќе има поддршка и од трибините во овој натпревар, а ФФМ пред дуелот објави важни информации за сите наши навивачи кои ќе бидат присути во Кардиф.

Натпреварот е закажан за во терминот од 20:45 часот.

– Македонските навивачи ќе бидат сместени во секторите 119, 121 и 122, со влез исклучиво преку Gate 12.

– Нема повторен влез.

– Не е потребно покажување лична карта или пасош.

– Навивачите со билети купени во домашни сектори може да бидат одбиени од влез или отстранети.

– Пабот Walkabout на St. Mary Street традиционално ги прима гостинските навивачи. линк: (walkaboutbars.co.uk/cardiff)

– Стадионот е 25 минути пеш од центарот; достапни се такси и јавен превоз (Ninian Park, Grangetown).

– Билети не се продаваат на денот на натпреварот.

– Паркирањето за автобуси е бесплатно; има ограничени места за автомобили (10 фунти, плаќање на лице место).

– Штандовите за храна и пијалоци се отворени со отворањето на влезовите; стадионот е целосно без готовина.

– Лица во инвалидски колички влегуваат преку посебниот страничен влез кај Gate 12.

– Забранети предмети: пиротехника, професионални камери, храна/пијалоци, големи торби. Мали торби се дозволени по проверка. Знамиња до 2×1 м се дозволени (без навредлива или недозволена содржина).

– Пиротехника во околината или внатре во стадионот може да доведе до апсење и забрана за влез.

– Лица во тешка алкохолизираност нема да бидат пуштени да влезат на стадионот.