Украина покажа дека е ептен незгодна – Холандија се извади за победа пред крајот (ВИДЕО)

Дензел Дамфрис ја извади Холандија за стартна победа на Европското првенство во нашата група Ц, откако на пет минути пред крајот даде гол за триумф со 3-2 против Украина, која е втор наш противник во групата во четврток од 15 часот во Букурешт.

Холандија победи за први три бода, откако денеска Македонија загуби од Австрија со 1-3, а сѐ изгледаше на лесен триумф на „лалињата“ откако за седум минути во вториот дел од 52-та до 59-та минута, Џиорџино Вајналдум и Воут Вегхорст погодија двапати, но Украинците не се предадоа, па успеаа и да израмнат.

Пет минути ги делеа од бод од Амстердам кога за четириминутен блиц Јармоленко со прекрасен еврогол и Јаремчук погодија за израмнување, но дефанзивата не издржа во финишот и Думфрис со глава го реши прашањето за победникот.

После оваа победа Австрија и Холандија имаат по три бода и во четврток играат меѓусебен меч, а Македонија и Украина се без бод по првото коло, пред меѓусебниот меч за четири дена во Букурешт, а нашата селекција ја чека и тоа како тешка задача за бодови, зашто Укринците покажаа дека воопшто не се наивни.