УЕФА потврди: Македонските суперталенти носители на ждрепката за елитната фаза! (ФОТО)

Младата македонска фудбалска репрезентација до 19 години, која со три победи стигна до историски пласман во елитната фаза во квалификациите за Европското првенство во Финска идното лето, ќе бидат носители на ждрепката на 6 декември (11 часот) за елитната фаза, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).

Македонија е една од седумте селекции во првиот шешир, но фактот дека Македонија е носител не ја олеснува премногу работата, освен што во иста група избраниците на Вујадин Станојковиќ нема да бидат со Шпанија, Португалија, Германија, Чешка, Романија и Данска. Но, великани како Англија, која е бранител на трофејот, Италија, Фрација и Холандија се ривали на Македонија од вториот шешир. Тоа што е сигурно, Македонија вторпат не може да игра со Белгија, откако во Скопје ја победи со 2-1.

По ждрепката ќе биде одредено кој ќе биде домаќин на мини-турнирот, кој треба да се одигра најдоцна до 20 мај. Европското првенство во Финска е на програмата во втората половина на јуни, од 16 до 29 јуни.