УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ поради навредите кон Алиоски (ФОТО)

Марко Арнаутовиќ во завршницата од мечот против Македонија направи вистински скандал откако вербално го нападна македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во славјето по третиот гол, поради што пристигна реакција и од Европската куќа на фудбалот (УЕФА), која веднап почна истрага против фудбалерот на Австрија.

На официјалната страна на УЕФА може да се забележи дека Арнаутовиќ е суспендиран, иако немаше официјално соопштение за казната на австрискиот репрезентативец, која денеска треба да биде позната. Според шпекулациите, казната може да изнесува и до 10 натпревари.

Австриските медиуми објавија дека Арнаутовиќ го пцуел Алиоски на национална основа, односно му кажал „Да ти е*ам мајката албанска“, поради што следеа остри реакции.