Трајковски: Да покажеме дека јунскиот пораз не ја покажува реалната слика!

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, фудбалерот на шпанска Мајорка порача во пресрет на завршницата од евроквалификациите, дека во Виена в сабота против Австрија, Македонија ќе има шанса да покаже дека јунскиот пораз од првиот наш противник месецов не ја отсликува реалната состојба помеѓу двете селекции.

Австрија нѝ одржа фудбалска лекција во секој фудбалски сегмент, па со 4-1 стигна до победа во која Македонија го одигра најслабиот меч во овој циклус и сега макеоднските фудбалери се решени да го поправат впечатокот во пресметките со Австријците, на кои им треба бод за пласман на Евро 2020.

„Ова е добра шанса да покажеме дека поразот на домашен терен не ја отсликува реалната слика помеѓу двете селекции. Мислам дека сме добро подготвени да го дадеме максимумот во Виена и наше е да се бориме до крај“, вели Трајковски.

Македонија практично ги загуби шансите за директен пласман на Евро 2020, па сега како цел останува да се освои третото место кое би било наш најдобар пласман во едни квалификации, а двата добри резултати би биле добредојдени за задржувањето на самодовербата пред клучните матовски баражи,

„Најважно е да се обидеме да ги добиеме овие два меча и да се покажеме во најдобро можно светло, а потоа да размислуваме на мартовскиот предизвик во Лигата на нации. Ние покажавме досега дека можеме да се носиме со било која селекција, без оглед дали станува збор за послаби или поквалитетни репрезентации“, посочува Трајковски.