Трагедија: Почина поранешниот репрезентативен голман Гоце Груевски!

Поранешниот голман на македонската фудбалска репрезентација Гоце Груевски почина на само 46-годишна возраст, објави неговиот клуб Престон лајонс од Австралија. 

Тој работеше како тренер на голманите во клубот, каде и ја заврши кариерата во 2009 годија.Претходно во македонското првенство бранеше за нашите најголеми клубови како Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Вардар и Беласица. За македонската репрезентација бранеше шест пати. Има три настапи во квалификациите и три на пријателски натпревари. 

Засега не се познати причините за смртаа на Груевски.