Таткото на Јовиќ удри по српските медиуми: Не го ставајте Лука на столб на срамот!

Во последно време Лука Јовиќ се повеќе е критикуван од српската јавност. Иако се работи за фудбалер кој ги брани боите на шпанскиот гигант Реал Мадрид, медиумите во Србија удрија со „дрва и камења“ по Јовиќ, бидејќи тој, наводно, лажел дека е повреден за да не игра за репрезентацијата.

Проблемите дојдоа откако Јовиќ го известил тренерот дека е повреден, а потоа играше за Реал Мадрид неколку дена подоцна. Ова го навредило Тумбаковиќ, па на следниот рперезентативен собир не го поканил во составот на Србија, одлука која беше поздравена од многумина.

Бројните коментари му паднале тешко на таткото на Јовиќ, кој даде свое видуваше за настанатата ситуација.

Лука играше за младата репрезентација на Србија веднаш по потпишувањето на Реал, иако беше повреден. Мојот син ја сака својата земја и нема потреба медиумите да го стават на столб на срамот. Не е првиот што замина поради повреда и подоцна играше за тимот, истакна таткото на Јовиќ.

Од друга страна, фудбалерот засега не се огласи.