Столе Димитревски влезе во историјата на шпанскиот фудбал!

Екипата на Рајо Ваљекано, за која настапува македонскиот репрезентативен голман Столе димитриевски, по пауза од шест месеци конечно го доигра натпреварот против Албасете. 

Мечот кој беше прекинат поради расистички скандирања после едно полувреме се доигра денеска, а слевеше Рајо со 1-0, со голот на Адвинсула во 60. минута.

Инаку, шпанците овој меч го нарекоа најдолгиот, бидејќи стартуваше во декември, а се доигра денеска. По прекинот беше одлучено дека ќе се одреди нов датум, но потоа фати и пандемијата на коронавирус, па денес го добивме крајниот епилог - победа за составот на Димитриевски.

Со овој меч е означен и рестартот на сезоната во Шпанија иако се работи за меч од Сегунда. Утре ќе се одигра и мечот меѓу Севилја и Бетис во Ла Лига.