Славиша Јокановиќ прв кандидат за селектор на Србија

Младен Крстајиќ синоќа доби отказ и пвоеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Според информациите на српските медиуми, главен кандидат за него наследник е поранешниот тренер на Вотфорд и Фулам, Славиша Јокановиќ.

Челниците на ФСС го контактирале 50- годишниот тренер, а Јокановиќ ги поставил своите услови кои во наредниот период ќе бидат разгледани. Освен Јокановиќ кандидати за селекторската позиција се и Љубиша Тумбаковиќ, Иван Јовановиќ и Владимир Ивиќ.