Скалони: Ако ја освоиме Копа Америка ќе заминам во пензија

Копа Америка и официјално започна, а Аргентина во првото коло ќе се сретне со Колумбија. Аргентинците последен пат стигнаа до трофејот во некое големо натпреварување во 1993 година кога „гаучосите“ ја освоија токмју Копа Америка.

Селекторот Лионел Скалони беше расположен за изјави, па во шега кажа дека ќе замине во пензија ако стигнат до трофејот.

„Ако ја освоиме Копа Америка, ќе заминам во пензија. Оваа екипа веќе има стигнато до финалето. Знаеме колку е тешко да се стигне до таму и овој пат ќе биде многу тешко и комплицирано. Овде сме да ги одиграме сите натпревари да покажеме дека сме подготвени за големи нешта“, кажа Скалони.