Шпанија е младински шампион на Европа! (ВИДЕО)

Младата фудбалска репрезентација на Шпанија вечерва во финалето ја совлада Германија со 2-1 и го освои Европското првенство за играчи до 21 година.

Уште во 7. минута младите Шпанци преку фудбалерот на Наполи, Фабиан Руиз поведоа со 1-0, а со овој резултат заврши првиот дел. Во второто полувреме Германија започна офанзивно, а тоа го искористи талентираниот фудбалер на Динамо Загреб, Дани Олмо кој стрела прецизно за 2-0. Германците потоа тргнаа на се или ништо, а во 88. минута преку Амири намалија на 2-1, резултат што ќе се покаже како конечен.