Серхио Рамос испрати срцепарателна порака по оставката на Луис Енрике! (ФОТО)

Фудбалската федерација на Шпанија денеска потврди дека Луис Енрике повеќе не е селектор на „црвената фурија“. Тој веќе неколку месеци не беше со екипата поради приватни проблеми, а денеска официјално си поднесе оставка.

Откако е потврдено дека повеќе нема да биде селектор, прв кој се огласи беше капитенот на Шпанија, Серхио Рамос.

„Секоја наша победа ќе биде за тебе. Ја имаш нашата поддршка“, порача Рамос.