Секулов доби порака од навивач: Ако шумот на парите ти е помил од Македонија... терај! (ФОТО)

Македонија официјално загуби уште еден голем фудбалски суперталент и тоа Никола Секулов, членот на великанот Јувентус, кој и официјално доби дозвола од ФИФА да игра за младинската селекција до 17 години на „аѕурите“, откако во послендите шест месеци дебитираше и играше како првотимец на неколку пријателски мечеви. Секулов написмено се откажа од Македонија и сега ќе игра за Италија и на официјалните мечеви.

Секулов беше дел од македонските селекции, последен пат играше во 2017 година во квалификации за Македонија, а потоа едноставно исчезна. Зa последниот циклус, доскорешниот селекторот Марио Вујовиќ објави дека Секулов постојано дбивал повици во 2018 година, но одбивал да ги профати, а потоа и неговите родители ја условувале ФФМ да биде повикан и неговиот брат Мите од генерацијата 2000, што од ФФМ го одбиле. На крајот Секулов прифати да игра за Италија, а сето тоа наиде на разочарување кај многу македонски навивачи.

Еден од нив, напиша коментар после објавувањето дека официјално Секулов раскрсти со Македонија, кој стана вирален, а иако без напаѓање кон младиот фудбалер, ја искажа горчината, но ја посочи и вистината дека младиот талент штом не ја чувствува химната и не ми трепери срцето – не треба ни да игра.

„Нека му се широки патиштата. Ако не ја чувствува Македонија како своја, ако срцето не му игра кога ќе ја слушне химната, ако шумот на парите му е помил..., не ни заслужува да го носи грбот на Македонија на својот дрес. Нема потреба да се обвинува момчето. Едноставно, немало кој да му укаже на некои моменти. Среќен нека му е патот...“, е коментарот на еден навивач после одлуката Секулов да го смени „фудбалското државјанство“ и од ФФМ да се пресели во италијанската ФИГЦ.

Секулов е еден од најголемите таленти, за кого во Торино веруваат дека е „новиот Клаудио Маркизио“ и кој во последно време е во извонредна форма како алфа и омега на тимот на „старата дама“ до 17 години. Но, на негово барање и на барање на рдителите, италијанските медиуми вчера објавија дека Секулов преку адвокатска канцеларија побарал од федерацијата (ФИГЦ) за промена на фудбалското државјанство и премин од ФФМ во италијанскиот сојуз, по што ФИГЦ побарале дозвола и ја добиле од ФИФА за тој сега непречено да игра за младинските селекции на „аѕурите“.

Младиот фудбалер е роден во Пјаченца, а по потекло е од Струмица. Дете е на македонски иселеници во Италија и во минатата година, ден откако одби за последен пат да игра за Македонија, тренираше со првиот тим и Кристијано Роналдо во Јувентус. Но, тој не е единствениот Македонец, дете на иселеници кој во послендиве години ја одбива Македонија за да игра за земјата каде е роден. Дејан Кулушевски, роден 2000 година е еден од исто така големите таленти, кој веќе има и настапи за првиот тим на италијанска Аталанта. Одамна Македонија го посакуваше овој фудбалер во своите редови, но тој ги одби сите покани за да заигра за нашиот национален тим и ја одбра Шведска.

Сепак, за разлика од Кулушевски, Секулов првично ја избра Македонија, ама сега се предомисли.