Русите сепак ќе можат да настапат на СП во Катар, но под еден услов!

Светската антидопинг агенција (ВАДА) денеска објави дека Русија и официјално е суспендирана за Олимпијадата во Токио и за Светското првенство во Катар 2022 година.

Иако првично се сметаше дека Русите во никој случај немаат право да се натпреваруваат во Катар на СП во 2022 година, сега е разјаснето дека фудбалерите ќе можат да настапат, но не и под знамето и името на својата земја.

Ако Русија се квалификува, нема да смее да се појави под тоа име, туку мора да постави механизам според кој ќе може да аплицира и да се појави како неутрална држава, истакна претседателот на Комисијата за жалби на ВАДА, Џонатан Тејлор.

Русите се суспендирани на четири години, но ќе играат на Европското првенство следното лето, бидејќи тоа не се смета за големо натпреварување. Русија е еден од ко-домаќините, односно градот Санкт Петербург.