Ристовски реален: За пласман на ЕП треба да играме напред, а не да се браниме!

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски после мечот со Полска и поразот со 0-2, по што сонот за настап на Евро 2020 преку овие квалификации предвреме заврши за Македонија реално призна дека за таков пласман потребно е многу повеќе од тоа денеска што го одиграа на Националниот стадион во Варшава.

Македонија беше фудбалски притисната, но добро се бранеше 75 минути и потоа попушти. Но, за да останевме во трка за пласман, во сигуација кога Австрија поведе и обезбеди триумф, ни требаше победа во Варшава, а не направивме ни една зрела шанса, со неколку шутеви од далечина кон голот на Полјаците.

„Ако сакаме на Европско вакви мечеви мора да се победуваат. Ако сакаме на ЕП мора да играме фудбал кон напред, а не само со дефанзива. Со две победи на ЕП не се оди. Полска не е толку доминантна, но треба да се одигра многу повеќе, мора во главите да бидеме поспремни. Овие фудбалери заслужуваат респект, но да не бараме алиби дека не играше Барди, Адеми...“, рече Ристовски.