„Ристовски на десен стопер не е импровизација – најголемите успеси се со него на таа позиција“

Многу прашина се крена после двата порази на Македонија на дебито на Европското првенство околу тактиката на селекторот Игор Ангеловски да го форсира природно десниот бек Стефан Ристовски на десната стоперска позиција во бедемот од тројца централчни дефанзивци пред голманот Столе Димитриевски.

Ангеловски се најде на „удар“ на многу коментари, анализи на легенди, стручњаци, медиуми околу ова форсирање и „импровизирање“ со заменик-капитенот на неговата неприродна позиција, но селекторот посочува дека баш таа позиција на Ристовкси ги донела најголемите победи и успеси за Македонија.

„Таа импровизирана позиција на Стефан (Ристовски – н.з.) ни донесе победа со Германија, ни донесе победа со Словенија во евроквалификациите, реми со Италија во Торино. Можеби тие резултат исто така се импровизација? Нас нѐ очекува меч против силна селекција и тие што ќе истрчаат ќе го дадат максимумот, а јас се надевам на една добра фудбалска претстава и позитивен резултат на крајот“, рече Ангеловски.