Ристовски: Морам да научам португалски за да разберам што тренерот бара од мене!

Македонскиот репрезентативен бек Стефан Ристовски двапати во изминативе два месеци беше стартер за Спортинг Лисабон, откако летово дојде во овој португалски гигант од хрватскиот првак Риека, а тој за италијански „Тутоспорт“ откри зошто не игра. Причина е – слабо познавање на португалскиот јазик.

Ристовски, кој е дете на Вардар и за него се кршеа копјата во претходната управа на црвено-црните кога самина како младинец (за парите од трансфер-компензацијата) беше дел од Парма, Кротоне и Бари, а во Риека замина по банкторот на поранешниот калчолигашки гигант Парма. Ристовски вели, чекам од тренерот да ме пушти во игра, но тешко е поради силната конкуренција и слабото познавање на јазикот.

„Чекам тренерот да ме повика и да ме пушти во игра. Вистината е дека штотуку дојдов во Спортинг, а тешко е тука, има многу извонредни играчи и над се, јас сè уште го учам португалскиот јазик. Од друга страна не можам да разберам што бара тренерот Жорге Жесус од мене. Пред два месеци дојдов и тој не сака многу да ризикува“, вели Ристовски.

Тој потенцира дека уште во јануари Португалците сакале да го ангажираат. Вели не жали што дошол во Португалија, затоа што клубот се бори на три фронта.

„Спортинг ме сакаше уште во јануари. Јас сум убеден дека направив добар избор, бидејќи тимот се бори на три фронта. Сега само треба добро да го научам португалскиот“, додава Ристовски.

Македонскиот репрезентативец досега одигра мечеви во Лига-купот на Португалија, а дебитираше три минути и во Лигата на шампионите во гостинската победа кај Олимпијакос (3-2), но не беше ниту на клупата на последниот дуел со Барселона во елитата. Споринг задутре ќе се соочи со италијанскиот првак Јувентус, а тој порача дека и Италија била фаворит со Македонија, па не победија „аѕурите“. Ристовски го одигра целиот меч во Торино во ремито 1-1 на црвено-жолтите против четирикратниот европски првак.

„Овој тим на Спортинг е изграден за да стане првак и да оди што е можно подалеку во ЛШ. Не одиме во Торино соднапред да се предадеме. Нормално дека очекуваме да бидеме втори во групата и зошто да не успееме во тоа? Италија беше исто така фаворит против Македонија и видовте како заврши. Резултатот се решава на теренот. Знаеме дека Јувентус е голем тим, со многу добри играчи, но - ајде да играме“, додава Ристовски.